Skip to main content
Почна дводневната обука

Дел од кандидатите за пожарникари веќе наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

Почна дводневната обука на кандидатите кои се пријавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава.

Ангелов соопшти дека обуката ја почнале вкупно 364 кандидати во 13 градови во државата, со што се очекува пополнување на места во 28 општини. 

Ангелов истакна дека од 50 пријавени кандидати во Скопје, денешната обука ја почнале 34 лица, додека останатите отпаднале во административната селекција поради неуредна или неправилна документација.

Во првата фаза во административната селекција дел од кандидатите отпаднаа поради неуредна, нецелосна или неправилна документација. Обуката ќе ја започнат 364 лица од нив 34 во Скопје. Во Скопје имавме 50-тина пријавени, на административната селекција отпаднаа неколку останаа 41, но на повикот за обука се појавија само 34 кандидати. Она што можам да кажам како прва импресија е дека има одлични кандидати и успешно ќе ја завршат оваа обука и ќе бидат добар потенцијал за пополнување на испразнетите редови во македонските Противпожарни единици, вели Ангелов.

По завршувањето на дводневната обука тие ќе бидат распоредени по територијалните противпожарни единици во државата, освен кандидатите во Скопје кои ќе бидат распоредени во Дирекцијата за заштита и спасување.

По завршувањето на дводневната обука тие ќе бидат распоредени по територијалните противпожарни единици додека кандидатите од Скопје ќе бидат распоредени во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои што ќе бидат во ДЗС ќе продолжат со континуирана обука, а при појавата на некои пожари онаму каде што нема ризик ќе бидат искористени постепено да се усовршуваат во нивните вештини, рече Ангелов.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, Зоран Кочоски, посочи дека во текот на утрешниот ден кандидатите ќе бидат запознаени со техниките на гасење на пожар и ќе се врши проверка на нивната физичката спремност.

Во текот на утрешниот ден, споменавме дека ќе имаме проверка на физичката спремност на сите пријавени кандидати, ќе ги запознаеме со техниките на гасење на пожар, техниките на користење на опрема за гасење на пожар и се разбира првата помош која ќе биде изведена во соработка со Црвениот Крст на Македонија, изјави Кочоски.

Поврзани вести