
На 03.08.2025 во 21:20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, кај влез за селото Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од селото Челопеци, кичевско, удрило во пешак – 30-годишната А.В. од Лисичани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево.