Skip to main content

Македонските одбојкарки немоќни на дуелот со Грција

Фото: ОФМ

Женската репрезентација на Македонија вечерва во Скопје загуби од Грција со 0:3 (8:25, 11:25, 19:25) во претпоследниот натпревар од евро-квалификацискиот циклус. 

Македонските одбојкарки резултатски немаа што да загубат во овој дуел затоа што тие од претходно останаа без шанси за учество на континенталниот собир.

Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ соодветен отпор понудија само во еден сет, последниот.

Грција која веќе има обезбеден пласман на ЕуроВолеј 2026 беше пресилен ривал, доминираше на теренот во комплетниот натпревар предводена од Тикманиду со 14 поени и Бака до 12 поени.

Во македонската репрезентација Теа Терзиевска беше најефикасна со 12 поени, додека Ива Стојкоска и Мери Бошковска имаа по четири поени, додека Тамара Стојанова и Лиља Ковачевиќ освоија по три.

Македонија последниот натпревар од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026 го игра на 9 август во Хартберг против Австрија.