Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, државата се поврзува и станува подостапна за туристи

Македонија влегува во нова етапа на инфраструктурна транформација, со проекти, со нови патишта и нови авиолинии кои ќе ја подобрат меѓународната поврзаност на земјата. Новите патишта, модернизираните автопати и зголемениот број на авиолиниите значително ќе дадат придонес во регионалната интеграција и економскиот раст на земјата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатиот период се воведоа комплетно нови 16 авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид.

Се воведоа пет нови авиолинии до скопскиот аеродром, Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага. Претходно беа воведени уште 11 нови авиолинии од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел. Како и нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.

Зголемувањето на бројот на патници се гледа веќе во првата половина од оваа година, каде што вкупно на двата македонски аеродроми се превезени 1,5 милиони патници, што е за 5% од скопскиот аеродром и 11% од охридскиот аеродром.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува и во изградба и рехабилитација на клучни патни правци.

Се пушти во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, делница Пресека-Песочани. Тоа е 6 та делица која што е пуштена во употреба. Претходно беа пуштени во употреба делницата Градско-Фариш, Фариш-Дреново, пуштен е во употреба и Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово, Охрид-Свети Наум.

Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра. Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност.

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра.

Со посветеност и заедничка работа владата на ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти со цел поврзување на Македонија со регионот и подобрување на животот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија, велат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести