Skip to main content

Кавадарчанка (20) го пријавила поранешниот партнер за вознемирување

Кавадарчанка пријавила вознемирување од поранешниот партнер, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Синоќа во 22.10 часот во ОВР Кавадарци, 20-годишна кавадарчанка пријавила дека нејзиниот поранешен партнер на возраст од 21 година од општина Росоман, ја следел и вознемирувал со испраќање пораки, неа и нејзиното семејство. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Како што соопштија оттаму, вчера нешто порано, во 11.00 часот во Кавадарци, полициски службеници привеле 54 – годишник од овој град, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. По документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11.15 часот во ОВР Неготино, 73-годишна жена од неготинско село пријави дека била физички нападната од нејзиниот син на возраст од 41 година, кој имал здравствени проблеми. Тој бил спроведен во здравствена установа и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од СВР Велес.

Поврзани вести