Skip to main content

Младите кошаркари губат ли губат

Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз на Европското првенство од А дивизијата во Белград, откако вечерва загуби од домаќинот Србија со 89-59 во рамки на завршното, трето, коло во групата Ц.

Македонија беше инфериорна на паркетот во првото полувреме во кое Србија дојде до висока предност од 24-8 по првата третина, а на полувреме домаќинот замина со предност од 49-23.

Продолжението донесе порамноправна игра на македонските кошаркари кои ја добија резултатски третата четвртина со 21-18, но предноста на Србија беше превисока за да се избегне третиот пораз во групната фаза.

Капитенот Јаничиќ со 19 поени беше најефикасен во македонските редови, а Ѓорѓевиќ уфрли 14 кошеви.

На Европското првенство следи ден пауза пред стартот на нокаут фазата во која Македонија за противник ќе ја има Шпанија која заврши првопласирана во групата Д со максимални три победи.

Поврзани вести