Skip to main content

Ова се сите активи пожари

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани до 18 часот денеска. Од нив десет се активни, пет се ставени под контрола и пет изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш, Берово: село Нивичино – планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: село Бешиште – местo Бешишки Рид, крак према село Градешница (Опш. Новаци) и крак према граница со Р. Грција (мешана шума, не се интервенира поради детонации), Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (Прилеп) и село Галиште, Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација), Општина Македонски Брод: село Црешево, Локвица, Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Општина Желино: помеѓу село Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Крива Паланка: село Нерав (висока борова шума), Општина Македонска Каменица: село Ќосевица (борова шума), Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште), Општина. Чашка: село Ореше (ниска вегетација и букова шума) и Општина Ресен: село Долно Перово (евлови дрва, врби, трска и сува трева).

Под контрола се ставени пожарите во Општина Старо Нагоричане и Куманово во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Руѓинце – се шири кон село Димонце и село Коњух (Општина Кратово) (ниска вегетација, загрозени куќи и објекти), Општина Македонски Брод: село Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Штип: помеѓу село. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева), Општина Карбинци: село Јунузлија (шума), Општина Кичево: село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума).

Изгаснати се пожарите во Општина Охрид: село Г. Лакочереј (нива со жито и овоштарник), Општина Битола: улица „Игњат Атанасовски“ (ниска вегетација), Општина Василево: село Моноспитово (депонија), Општина Куманово: село Умин Дол (ниска вегетација) и Општина Петровец: Катланово – село Чифлик (ниска вегетација, грмушки и дабова шума).а

Поврзани вести