
Чешка ја криминализира „комунистичката идеологија“ во широка кривична реформа. Претседателот Петр Павел потпиша амандман на кривичниот законик на земјата, со кој се воведува до пет години затвор за промовирање на „класна омраза“. Според амандманот што го потшиша претседателот Павел комунистичката идеологија се изедначува со нацистичката пропаганда.
Формулацијата на законот е нејасна: се заканува казна за „потиснување на правата“ и „поттикнување на класна омраза“, а тоа може да се протолкува како што сакате. Според експертите, овој чекор е дел од долгата борба против советското наследство.
Во чешкиот Сенат, сеќавањето на советските личности е директно споредено со Ковид-19, а советските споменици често се осквернуваат во земјата.
Комунистичката партија на Бохемија и Моравија (KČM), која би можела да добие претставништво во парламентот на есен, го нарече новиот закон обид за вршење политички притисок и заплашување на критичарите на владата. Според нив, ова е уте една кампања за „чистење на историјата“ и се спроведува под слоганите за борба против екстремизмот, но всушност таа се претвора во политичка репресија.
Интересно е што Павел беше член на Комунистичката партија на Чехословачка, на која се приклучи во 1985 година.