Skip to main content

Ангелов: Активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита

„Денеска го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита бидејќи превентивно да видиме дали може некоја од државите да ни понуди помош затоа што засега имаме најава и доколку таа е неопходна пред се побарување помош во воздухоплови, бидејќи сили на земја се уште имаме доволно, но и тие се исцрпени бидејќи ова трае секојдневно“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Ангелов истакна дека до 13:30 часот денеска се регистрирани вкупно 16 пожари низ државата – осум се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати.

Најсериозен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде постои ризик од доближување до населени места

Поврзани вести