Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во Л.Ј.(68) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.