Skip to main content

Се трага по 36-годишна жена и 17-годишно момче од Прилеп – сопругот пријавил 7 дена по исчезнувањето

Фејсбук/Oliver Spasovski

Полицијата во Прилеп трага по 36-годишната Л.И. и нејзиниот 17-годишен син, кои исчезнале на 18 јули, а случајот бил пријавен вчера на 25 јули, во 08:20 часот во ОВР Прилеп.

Како што информираше МВР, пријавата ја поднел С.Ќ. (48) од Прилеп, сопруг на исчезнатата жена. Според неговата изјава, Л.И. се оддалечила од семејниот дом заедно со својот син, а имала и здравствени проблеми. Од тогаш, од нив нема никаков контакт.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и расветлување на случајот.

Поврзани вести