Skip to main content

Како токсичен брак влијае на децата

Freepik

Токсичниот брак не остава последици само врз сопружниците – најголемите жртви честопати се децата. Додека возрасните се обидуваат да се справат со несогласувањата, манипулациите и тензиите, децата растат во средина која не им дава љубов, сигурност и емоционална стабилност.

Децата се тивки, повелечни и несигурни
Еден од најчестите знаци дека нешто не е во ред дома е кога детето станува премногу тивко, затворено или губи интерес за игра и друѓење. Во токсична атмосфера, детето не знае кога ќе експлодира бомбата, па се повлекува за да се заштити.

Преземаат одговорности што не би смеело да ги имаат
Децата од дисфункционални семејства честопати ја преземаат улогата на „посредници“, дури и на „терапевти“ меѓу родителите. Се обидуваат да ги смират, да ја смират ситуацијата или чувствуваат вина за конфликтите. Ова е огромен товар за едно дете кое би требало да биде заштитено, а не одговорно.

Покажуваат знаци на анксиозност или агресија
Животот во постојан стрес и неизвесност може да предизвика емоционални нарушувања кај децата. Некои стануваат анксиозни, страдаат од несоница, кошмари, тешко се концентрираат на училиште. Други може да покажат гнев и агресија – што е одраз на внатрешната борба со несигурноста.

Имаат изместена слика за љубовта и односите
Децата кои растат со токсичен модел на брак честопати развиваат погрешна слика за тоа што значи љубов. Учат дека караниците, понижувањата или молчењето се нормални во односите. Подоцна во животот, тоа може да влијае врз нивните лични избори на партнер.

Се чувствуваат осамено, дури и кога не се сами
Една од најтешките последици на токсичната семејна динамика е чувството на длабока осаменост. Детето можеби е опкружено со членови на семејството, но ако односите се ладни, напнати и без емоционална поврзаност, тоа се чувствува невидливо и несакано.

Можеби партнерите се обидуваат да глумат нормалност пред децата, но децата ја чувствуваат енергијата, ги гледаат погледите, го слушаат тонот на гласот и ја разбираат тишината. Не треба да се потценува нивната интуиција.

Ако ги препознаете овие знаци кај вашето дете или во семејството, тоа е сигнал дека време е за промена – преку разговор, терапија или, ако е неопходно, прекин на штетната динамика. Децата заслужуваат дом полн со љубов, мир и сигурност.

Поврзани вести