Skip to main content

Љутков: Дополнителни 8 милиони денари за обнова на Скопското Кале – симболот на Скопје

Википедија

На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува трева. Наскоро ќе почне и обновување на двате музеи кои се наоѓаат на тврдината.

Министерот за култра и туризам Зоран Љутков денеска при посетата на Калето заедно со претседтаелот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и неколку градоначлници на скопските општини, истакна дека симболот на нашата историја и култура последниве десетина години е девастиран и без никакво внимание. Информираше дека состојбата е лоша и со двата музеи на Калето за кои, како што рече, ќе треба комплетно обновување на целата механизација и климатизација.

Направивме план и со ребалансот на буџетот обезбедивме осум милиони денари коишто ќе бидат искористени до крајот на годината. Веднаш ќе пристапиме со распишување на јавна набавка за поправка на овие простории. Подоцна и со реализација на целиот овој огромен проект којшто ќе треба веќе од 2026 година да биде пуштен во употреба – истакна Љутков.

Целта е, рече тој, 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата овој простор да биде еден од најискористените.

Директорката на Управа за заштита на културно наследство Весела Честоева информираше дека Управата ја спремила техничката спецификација.

Ќе го распишеме тендерот за да може да се влезе и да се отпочне со работа. Управата за заштита на културно наследство во изминатиот период во неколку обиди проба да стапи во контакт со Градот Скопје, со ЈП паркови и зеленило. За жал, неуспешно. Затоа како Управа инициравме до ЗЕЛС, до Орце Ѓоргиевски и наидовме веднаш на одговор и по тој повод е и денешната акција која што е дел од планот за ревитализација на скопската тврдина Кале – појасни Честова.

Порача дека Управата до крајот на годината ќе успее да ги заврши овие два инфраструктурни проекти и ќе ги стави во функција.

Според претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски за историјата не треба да пишува само на Фејсбук или да се дебатира, туку треба да се покаже со практични примери.

Историјата не треба да се третира и да се помага во тој дел на Фејсбук пишувајќи статуси, ниту пак водејќи дебати за тоа, туку преку практични примери како треба да си го сочуваме она што е наше наследство, но и симбол на градот. Мене ми е жал искрено за состојбата во која што се наоѓа не само овој објект туку и многу други објекти – истакна Ѓорѓиевски кој е и кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Најави дека после локалните избори и Калето, но и сите други објекти во Градот Скопје коишто се историски симбол во градот ќе имаат посебен третман.

Поврзани вести