Skip to main content

Се запали автобус на ЈСП, возачката заврши на Токсикологија откако го угаснала пожарот

Рано утрово во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.

Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести