
Вчера во 18.00 часот во ОВР Гостивар Л.А.(33) од с.Чегране, вработен во Територијалната противпожарна единица-
Гостивар, пријавил дека околу 15.00 часот, додека интервенирал за гасење на пожар во атар на с.Форино, заедно со другите пожарникари, на местото на настанот му се доближило непознато лице на возраст од околу 60 години и почнало да му се заканува.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.