Skip to main content

Пукање на семејна веселба во Аеродром

архива

Вчеравечер во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје.

На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале Е.З. како испукува во воздух од огнено оружје. Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм и гасни куршуми. Исто така пронајдени се и испукани чаури и подигнати за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести