Skip to main content

Едната ги фрлила парите низ тераса, другата лупнала 20.000 евра за „операција“ – измамени две скопјанки

Во низата на телефонски измами, во кои со наводна сообраќајка се наведуваат постари граѓани да платат поткуп, се впишуваат уште две.

Прво вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријави дека на 16.07.2025 била измамена од едно машко лице за сума од околу 900 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила преку тераса, како што претходно и кажало лицето, а подоцна сфатила дека била измамена.

Во 17.45 часот во СВР Скопје, пак, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот била измамена од едно машко лице за сума од околу 1.300.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар, вработен во Градска болница и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и требало да прави операција, а за тоа требало да се плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите

Поврзани вести