Skip to main content

Евростат: 27,% од жителите на ЕУ во 2024 не можеле финансиски да си овозможат седум дена одмор 

steve-bidmead-from-pixabay

Според податоците на Евростат, во текот на 2024 година, 27,0% од жителите на Европската Унија не биле во можност финансиски да си овозможат седум дена одмор подалеку од нивниот постојан престој.

Највисок удел на лица кои се соочуваат со финансиски пречки за еднонеделен одмор е евидентиран во Романија (58,6%), Грција (46,0%) и Бугарија (41,4%).

За разлика од нив, само 8,9% од жителите на Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, немаат доволно средства за да си приуштат еден неделен одмор.

Евростат не презентираше информации и за земјите кои се стремат кон членство во ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Последните расположливи информации, објавени во текот на изминатата година, покажуваат дека повеќе од половина од македонските граѓани се во финансиска неможност да заминат на годишен одмор.

Потешка е ситуацијата во Албанија, каде што 58,3% од граѓаните немаат можност за одмор, Турција (60,8%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).

Поврзани вести