
Сведоци сме на зачестени пожари низ државата, за кои според сите индиции, не се последица на природни фактори туку на намерно дејствување и подметнување од страна на човечки фактор.Најновиот пример, е снимка од Делчево, каде се гледа како лице намерни пали пожар и веднаш потоа бега од местото на настанот. Овие случаи не се изолирани, напротив на повеќе локации се пронајдени натопени дрва и палети со бензин, гуми и ракавици што дополнително го потврдува сомнежот за организирано подметнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секојдневно се приведуваат лица, а дел од нив директно или индиректно се поврзуваат со СДС. Дополнително дека станува збор за смислено сценарио говорат и реакциите на СДС кои со денови злонамерно ликуваат и собираат политички поени на тема со пожарите.
Планот на СДС за предизвикување хаос не успеа особено во Скопје каде имаше најмногу подметнати пожари. Наместо помош на населението при справувањето со пожарите, СДС само обвинува и прави политички маркетинг.

За разлика од минатото денес има повеќе опрема, подобро обучен персонал и поголема мобилизација. Времето кога се дејствуваше со стара механизација и Фап на Заев од 1975 година заврши. Институциите работат посветено.
Граѓаните гледаат се и знаат кој работи, а кој саботира.
Ги повикуваме надлежните институции да преземат посериозни мерки за сите кои стојат позади овие штетни и опасни активности.