
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со која ќе разговараат што треба да се преземе во однос на цените или ограничувањето на маржите. На средбата ќе станае збор и за одржување на седница на ЕСС, со оглед на тоа што, според неговите информации, веќе е завршено утврдувањето на репрезентативноста на синдикатите.
Немам информации дека се при крај мерките за кошничката или ограничување на маржите. По овој настан имам состанок со министерот за економија и труд со кој ќе разговараме за тоа што е она кое треба да го преземеме во периодот што следи соодветно на анализте кои ги направивме – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали се при крај мерки за кошнишка од типот на есенската или новогодишната кои беа претходно донесени.
Во врска со одржувањето на седница на Економско-социјалниот совет премиерот вели дека има сознанија оти е завршено определувањето на репрезентативноста на синдикатите и дека нема пречки таква седница да се одржи и покрај тоа што е период на годишни однори.
Што се однесува до ЕСС мислам дека Комисијата што треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите ја заврши својата работа. Доколку е тоа така денеска, а и за тоа ќе разговараме со министерот,, тогаш не гледам причини и покрај тоа што се одмори да не одржиме состанок. Мислам дека до крајот намесецот ако е завршена процедурата да се одржи состанок на ЕСС – истакна премиерот во одговор на прашање на настанот на Царинската управа „Една година резултати“.