Skip to main content

Сергеј Лавров пристигна во посета на Кина

Пиксабеј

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денеска пристигна во посета на Кина, каде што ќе учествува на состанок на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Шангајската организација за соработка.

Лавров допатува во Кина по посетата на Северна Кореја, каде што се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Во Вонсан, Лавров одржа состанок со Ким и министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чои Сон Хи.

Ким за време на состанокот со рускиот министер за надворешни работи ја изрази подготвеноста на неговата земја да ги поддржи мерките на официјална Москва за решавање на украинската криза. /

Поврзани вести