Skip to main content

Сијарто: Новите американски царини кон ЕУ ја докажуваат неспособноста на раководството во Брисел

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека новите, зголемени царини на САД за увоз од Европската Унија ја докажуваат и неспособноста на раководството во Брисел и дека е време за патриотски пресврт.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно објави дека Европската Унија од 1 август ќе се соочи со царини од 30 отсто.

Министерството за надворешни работи на Унгарија во соопштение го цитираше Сијарто кој на социјалните мрежи наведе дека мерката преземена од САД е уште еден доказ за целосната неспособност на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но и на самата ЕК, пренесува МТИ.

Оваа неспособност веќе предизвика многу штета и проблеми за Европа во последните неколку години, а сега имаме уште еден неуспех: Урсула фон дер Лајен и Европската комисија не успеаја да издејствуваат поволен трговски договор со американската администрација и повторно страдаат европската економија, европските компании и европските граѓани, истакна Сијарто.

Според него, царините на ЕУ кон САД требало веднаш да се намалат откако Доналд Трамп ја презеде должноста.

Урсула фон дер Лајен и Европската комисија тоа не го сторија и ние, Европејците, повторно страдаме поради тоа, рече тој и нагласи дека е време за промени во Брисел и дека „патриотите конечно треба да ги заменат луѓето како Фон дер Лајен“.

Поврзани вести