
Додека мажите родени во знакот рак важат за емотивни, лојални и верни партнери кои ретко се одлучуваат за неверство, постојат хороскопски знаци кај кои верноста и стабилноста во врската не им се на врвот на листата на приоритети. Некои мажи, дури и кога се искрено вљубени, не можат да му одолеат на искушението, бидејќи ним потребата за паралелни односи, едноставно, им е „вградена“ во карактерот.
За мажите родени во овие два хороскопски знака, прељубата не мора да е последица на незадоволство или емоционална криза, туку таа честопати е резултат на длабоко вкоренета потреба за возбуда, докажување или еден вид чувство на „контрола“.
Едниот од нив изневерува од чист адреналин, а вториот од страв и претпазливост – да не биде случајно прв изневерен.
Ако започнувате емотивна врска со мажите родени во овие два знака, не би било лошо да бидете претпазливи, бидејќи ним лојалноста не им доаѓа природно.
Скорпија – прељуба од претпазливост и самоодбрана
Мажите родени во знакот скорпија се познати по својата емоционална длабочина, страсност и мистериозна природа. Но токму таа длабока емоционалност честопати доаѓа со багаж од стравови, сомнежи и потреба за контрола. Во врските, скорпиите речиси секогаш очекуваат предавство, па честопати, од желба да бидат „чекор напред“, тие први го прават погрешниот чекор.
Во нивниот свет изневерувањето не значи дека не се вљубени – тоа повеќе им е тактика да се заштитат, начин да не излезат наивни или премногу отворени. Сакаат да освојуваат жени кои се своеглави, независни и провокативни, бидејќи токму таквите ги возбудуваат – но тоа се и жените од кои потајно се плашат дека би можеле да бидат изневерени.
Затоа, неретко „играат на сигурно“ и ја изневеруваат партнерката пред воопшто да се случи тоа од нејзина страна. Ако се обидете да им возвратите со иста мера, веројатно ќе слушнете: „Задоцни, јас веќе го направив тоа.“
Стрелец – прељуба од потреба за слобода
За разлика од скорпиите, кај стрелците прељубата не се случува од страв, туку од потреба за возбуда и авантура. Мажите родени во овој знак се познати по својот шарм, дружељубивост и нескротлива желба за нови искуства. Ним досадата им е најголемиот непријател – и тоа јасно се одразува и на нивните емотивни односи.
Стрелците сакаат да имаат опции, без разлика дали зборуваме за работата, друштвото или љубовта. Нивниот телефон честопати крие контакти од „резервите“ – поранешни партнерки со кои останале во коректни односи, симпатија од работа, познајничка од социјалните мрежи… Сето тоа, секако, во случај нивната главна врска да се претвори во рутина.
Затоа, не е ни чудо што многу стрелци поминуваат низ неколку бракови или никогаш не влегуваат во сериозна заедница. Нивната потрага по идеалната врска е бескрајна и истовремено парадоксална – бидејќи додека ја бараат, упорно ја саботираат со паралелни приказни.
Извор: Убавина и здравје