Германскиот плејмејкер, Денис Шрудер е трејдуван од Бруклин нетс во Голден Стејт Вориорс, објави ЕСПН. Оваа сезона Германецот забележа одлична статистика од 18,4 поени, 6,6 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар.
Шрудер оди во тимот предводен од Стив Кер заедно со пик во втората рунда на драфтот, додека во замена Бруклин го доби Диентони Мелтон и три пика од втората рунда на драфтот.
Шрудер влезе на драфтот во 2013 година и беше избран како 17-ти пик од Атланта Хокс. Во Атлатна, тој се етаблира како еден од подобрите интернационалци во лигата. За неа играше пет години, а најмногу се истакна во последната година од договорот, кога реализираше 19 поени по натпревар.
Неговото кошаркарско патување го однесе понатаму во Оклахома, а потоа кариерата ја продолжи во Лејкерс. Потоа се приклучи на Бостон, за подоцна да се пресели во Хјустон, а во летото 2023 година, тој се приклучи на Торонто Репторс и потпиша двегодишен договор вреден 26 милиони долари.