Skip to main content

Во Батинци убиен припадник на Армијата

Припадник на Армијата е лицето кое смртно е застрелано утрово во скопското село Батинци.

Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот, велат од Министерството за одбрана.

Од таму додаваат дека за време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење
слободен ден.

На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 10:15 часот. Во пријавата стои дека лице со иницијали М.Џ. пукало кон возило кое било во движење.

Лицето М.Е. пријавил дека на влезот на село Батинци, скопско, лицето М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „киа“ кое било во движење. А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, информираа од МВР.

 Од Градската болница велат жртвата била донесена околу 10:55 часот.

Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но пациентот беше веќе мртов. Констатиравме смрт на лице место, соопштија од болницата.

Мотивите и околностите околу пукањето сè уште не се познати, а осомничениот за нападот засега е во бегство.

Поврзани вести