Skip to main content

Уапсени навивачи што фрлале по полицијата, публиката и фудбалерите на вчерашниот натпревар

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги приведоа Ф.Д.(19), М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од скопската полиција.

Вчера во Скопје екипата на Вардар постигна убедлива победа во првиот натпревар од квалификациското коло од Конференциската лига откако го совлада претставникот на Сан Марино Ла Фиорита со 3:0 (0:0).

Поврзани вести