
Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и им ги кине ролетните на луѓето. Грми, врне и дува силно низ целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и Далмација, додека жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.