
Зборовите се моќни, тие создаваат позитивни или негативни вибрации околу вас и работат според законот за привлекување, во зависност од нивното значење.
Ова го покажаа многу студии, и соодветно на тоа, постојат афирмации, или реченици што треба да ги кажете гласно за да го привлечете она што го сакате. Исто така, не го кажувајте овој збор, бидејќи се вели дека привлекува лоша среќа.
За да привлечете добри настани и позитивна енергија, не кажувајте негативни зборови, особено зборот „никогаш“. Зборот „никогаш“ претставува неможност за дејствување. Кога го кажувате, го блокирате напредокот и добрите настани.
Еве како зборот „никогаш“ може да ви донесе лоша среќа:
Кога станува збор за работа и пари, не кажувајте: „Никогаш нема да напредувам на работа“, „Никогаш нема да имам многу пари“ или „Никогаш нема да имам свој бизнис“, бидејќи така испраќате порака до универзумот дека тоа нема да се случи.
Ако често им повторувате на вашите пријатели: „Никогаш нема да ја најдам вистинската личност за мене“, така ќе биде, бидејќи ги испраќате тие вибрации.
Наместо да кажете „никогаш“, кажете си позитивни афирмации: „Сега имам сè што отсекогаш сум сакал“, „Можам да ја привлечам личноста што ми треба“, „Имам одлична плата“ и така натаму. Ова ќе го активира законот за привлекување.