Skip to main content

Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако периодот од една година, не е многу за промени во здравството сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, направи крупни чекори кон градење на промените во здравството.

Прво што направи Владата е укинување на економските директори и проширување на позитивната листа на лекови со нови девет. Во финален процес е вработувањето на 300 специјализанти, а за најкраток рок ќе следи и вработување на уште 300. До крајот на мандатот, платите на здравствените работници ќе се зголемат за 40%, а веќе се зголемени и капитационите бодови на матичните доктори, стоматолозите и гинеколозите, кажа Манасиевски.

Порано парите одеа за тендери на блиски луѓе на Филипче и на провизии за него, сега парите од Буџетот одат за медицинска опрема и модернизирање на здравствените оддели во Велес, Прилеп, Битола, Куманово, Скопје и други градови. Се набави и компјутерски томограф со систем за инсталација во хибридна сала за потребите на ЈЗУ УК за Кардиохирургија.

Се направија и доста други работи кои за една година можеби се малку, но се чекор повеќе од она што изминативе 7 години СДС и ДУИ го направија здравството, изјави Манасиевски.

Наместо европско здравство како што тие ни ветуваа, ние добивме здравство без лекови, доктори без покачени плати и здравствен персонал кој чека вработување.

Оваа слика се променува. Потребно е време, но со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој проблем ќе биде решен. Затоа што ние ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, рече Манасиевски.

Поврзани вести