Skip to main content

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

Фото: Freepik

ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА.  

Вардар во првата елиминациска рунда ќе играа против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, а првиот натпревар се игра Арената „Тодор Проевски“ во Скопје, во четврток (10. јули) со почеток од 20 часот.

Од таборот на Вардар денеска информираа дека во продажба се пуштени влезниците за овој натпревар. Тие ќе може да се купат по цена од 100 и од 300 денари на МкТикетс.

Поврзани вести