Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ го крена од пепел урнисаното здравство

Влада

Здравство е една од најзначајните, а во исто време најчувствителна гранка во македонското општество, а како и за сè останато, СДСМ се погрижи во седумгодишното владеење целосно да го урниса, да ја намали довербата на пациентите во здравствените работници и да остави разочаран и депримиран здравствениот персонал, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Не требаше многу, доволно беше една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ за и во здравството, со интензивна и посветена работа да се постават и да почнат да се градат темелите. Со цел ефикасно менаџирање и рационализација на трошоците на здравствените установи, меѓу првите одлуки кои Владата ги донесе, беше укинување на економските директори во јавните здравствени установи. Набрзо потоа, во корист на пациентите, по повеќе од 10 години се прошири позитивната листа на лекови со 9 нови генерики на лекови. Се набави компјутерски томограф со систем за инсталација во хибридна сала и целосно интегриран со ангиографскиот систем за потребите на ЈЗУ УК за кардиохирургија“, соопшти партијата.

Се прошири Националната програма за рана детекција и скрининг на малигни заболувања за 2025 година со компонента за скрининг и рана детекција на црн дроб, се додава во соопштението.

Се усвои Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Македонија 2025-2030. Исто така, се активираше педијатриски дежурен пункт во рамките на ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Нова компресорка станица во рамките на хируршкиот блок, на хируршките клиники во комплексот Мајка Тереза. Изведени се нови типови на трансплантации на црн дроб, коскени ткива, менискус и се подигна свеста за органодарителството“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека во изминатата година е набавена нова медицинска опрема и се воведоа нови методи во:

– Општа болница Велес (уролошка и ортопедска опрема),

– УК за хируршки болести Св. Наум Охридски (уролошка опрема),

– Општа болница Прилеп (уролошка и ортопедска опрема),

– УК за кардиологија (кардиолошка опрема),

– УК за детски болести (неонатолошка опрема, инкубатори, перфузори, невролошка опрема),

– Општа болница Куманово (неонатолошка опрема, нов инкубатор и полуинтензивна нега),


– Градска општа болница 8 Септември (нова ортопедска опрема) и нови методи од областа на интервентна радиологија.

Партијата додава дека интензивно се модернизираа условите за работа и за третман на пациенти при што многу оддели и амбуланти беа реновирани, и тоа:

– Комплетно реновиран одделот за ургентна инфектологија, ЦНС оддел и интензивната нега во ЈЗУ УК за инфективни болести,

– Реновиран кабинет за аудиологија во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација Скопје,

– Реконструкција и реновирање на повеќе одделенија при ЈЗУ Општа болница Гостивар,

– Реновирање и поставување на пет нови лифтови во ЈЗУ КБ Тетово,

– Реновиран кабинет за радиологија при хируршки клиники,

– Реновирана невролошка амбуланта во рамки на ЈЗУ УК за детски болести,

– Комплетно реновиран прв кат на ЈЗУ УК за психијатрија,

– Комплетна реконструкција на одделот за физикална и рехабилитациона медицина при ЈЗУ ОБ Гостивар.

Покрај ова, во измината година се водеше грижа за здравствениот персонал, така што во финален процес е вработувањето на 300 лекари специјалисти, а за најкраток рок ќе следи и вработување на уште 300. Се воспостави механизам за континуиран раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи кои во мандатот ќе се зголемат до над 40% и се зголеми капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести