
Вчера околу 17.15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Биљановска“ во Куманово, мопед со неготински регистарски ознаки, управуван од Ф.Т.(37) од Куманово, удрил во пешакот М.Н.(66) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.