Skip to main content

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот попис кој беше спроведен во 2021 година, соопшти денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски, на брифингот со новинарите.

Тој кажа дека Фондот покренал иницијатива пред Владата да се преиспитаат критериумите и начинот на пријавување.

Ова е интерсекторска работа која ќе потрае, рече Клековски.

Според информациите со кои располага ФЗО вкупниот број на здравствени осигуреници е 1.820.000. Од нив, значителен дел, над 50 отсто се осигурни по други основи, а на по основа на плата, партнери и деца осигурани врз основа на плата кај родителите.

Знаеме дека во Македонија, според последниот попис има помалку жители од тоа што има здравствени осигуреници, рече Клековски.

Според неговите информации, најмногу станува збор за македонски граѓани кои живеат со странство, ама не се одјавиле од Македонија и продолжуваат по некоја основа да имаат здравствено осигурување.

Има и луѓе кои самостојно остваруваат приходи, користат други основи, а не придонеси од плата, а не исклучувам дека има и лажни осигуреници, изјави Клековски.

Поврзани вести