Skip to main content

35 преводи за наградата „Драги“ 2025

Организаторот на наградата „Драги“ соопштува дека до крајниот рок за доставување на номинираните наслови (1 јули 2025), пристигнаа 35 прозни дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 33 преведувачи. Книгите се објавени од 18 различни издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 17 јазици. Опфатени се 35 странски прозни автори со романи, раскази, есеистика, дневници, итн.

Во прилог е комплетниот список на пристигнати дела (наведени по азбучен ред според првата буква од името на преведувачот):

  1. Андријана Папиќ-Манчева за преводот од француски јазик на „Годините” од Ани Ерно, издание на Илика, 2025 година (електронски формат)
  2. Бранислав Мирчевски за преводот од бугарски јазик на „Загубени во слободата“ од Владимир Зарев, издание на Или-или, 2025 година
  3. Бранислав Мирчевски за преводот од англиски јазик на „Граница: Патување до работ во Европа“ од Капка Касабова, издание на Или-или, 2024 година
  4. Виолета Танчева-Златева за преводот од бугарски јазик на „Ѕвезди под клепките“ од Николај Терзијски, издание на Три, 2024 година
  5. Даниела Тошева за преводот од старогрчки јазик на „Хизмина и Хизминиј“ од Евматиј Макремволит, издание на Чудна шума, 2024 година
  6. Дарко Спасов за преводот од словенечки јазик на „Лнинов парк“ од Тадеј Голоб, издание на Чудна шума, 2024 година
  7. Драгана Евтимова за преводот од словенечки јазик на „Чиракот на волшебникот“ од Евалд Флисар, издание на Прозарт, 2024 година
  8. Душанка Каевска и Ксенија Чочкова за преводот од германски јазик на „Собрани раскази“ од Франц Кафка, издание на Антолог, 2024 година
  9. Ѓоко Здравески за преводот од српски јазик на „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ, издание на Антолог, 2025 година
  10. Ели Пујовска за преводот од холандски јазик на „Легенди, митови и фантазии“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 година
  11. Ели Пујовска за преводот од холандски јазик на „Трофеј“ од Хеа Схутерс, издание на Чудна шума, 2025 година
  12. Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 година
  13. Звонко Танески за преводот од словачки јазик на „Еднорози“ од Барбора Хринова, издание на Перун артис, 2024 година
  14. Зоран Спасовски за преводот од турски јазик на „Хусеин Фелахот“ од Ахмет Митхат Ефенди, издание на Алманах, 2024 година
  15. Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на ,,Црниот мачор – раскази за мистеријата” од Едгар Алан По, издание на Три, 2024 година
  16. Искра Димковска за преводот од италијански јазик на „Островот на срцебиењето“ од Лаура Имаи Месина, издание на Антолог, 2025 година
  17. Јасминка Марковска за преводот од норвешки јазик на „Утро и вечер“ од Јун Фосе, издание на Артконект, 2024 година
  18. Калина Малеска за преводот од англиски јазик на „Слобода: созревање на крајот на историјата“ од Леа Ипи, издание на Или-или, 2024 година
  19. Катерина Сотирова за преводот од италијански јазик на „Амфора“ од Луиџи Пирандело, издание на Или-или, 2024 година
  20. Катица Гароска Ацевска за преводот од српски јазик на „Semper Idem“ од Ѓорѓе Лебовиќ, издание на Полица, 2024 година
  21. Кристина Стаменова за преводот од кинески јазик на „Јас не сум прељубница“ од Лиу Џенјун, издание на Македоника литера, 2025 година
  22. Лидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Емпусион“ од Олга Токарчук, издание на Антолог, 2025 година
  23. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Генијот и божицата“ од Олдос Хаксли, издание на Артконект, 2025 година
  24. Мариана Палашевска за преводот од германски јазик на „Волк“ од Саша Станишиќ, издание на Полица, 2024 година
  25. Марија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Патот до Индија“ од Едвард Морган Форстер,издание на Марија Гиревска, 2025 година
  26. Марио Стојаноски за преводот од англиски јазик на „Чуварка на семиња“ од Дајен Вилсон, издание на Матица, 2024 година
  27. Милан Дамјановски за преводот од англиски јазик на „Десет раскази“ од О. Хенри, издание на Светла комора, 2024 година
  28. Никола Кузманоски за преводот од англиски јазик на „Сенката над инсмот и други грозотии“ од Хауард Филипс Лавкрафт, издание на Полиграматон, 2024 година
  29. Сашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Случајот на сопствената погибел“ од Кристијан Новак, издание на Перун артис, 2025 година
  30. Сашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Зошто сум ве лажела“ од Јулијана Матановиќ, издание на Перун артис, 2025 година
  31. Соња Стојменска – Елзесер за преводот од чешки јазик на „На убавата сина Джевнице“ од Антонин Бајаја, издание на Перун артис, 2025 година
  32. Светлана Кочовска – Стевовиќ за преводот од старогрчки јазик на „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ од Ксефонт од Ефес, издание на Или-или, 2025 година
  33. Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од англиски јазик на „Макс Хавелар или аукциите за кафе на холандската трговска компанија“ од Едуард Дувес Декер – Мултатули, издание на Современост, 2024 година
  34. Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од хрватски јазик на „Мали необични луѓе“ од Миро Гавран, издание на Современост, 2024 година
  35. Филип Димевски за преводот од полски јазик на „Маскарада“ од Витолд Гомбрович, издание на Бегемот, 2024 година

Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ оваа година ќе ја сочинуваат д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Анастасија Ѓурчинова (редовен професор на Катедрата за италијански јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Иван Шопов (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“).

Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ и паричен дел кој изнесува 40.000 денари.

Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

Поврзани вести