Skip to main content

Ревизорите детектираа серија незаконитости во работата на Државното правобранителство

Државниот завод за ревизија детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата при ревизијата на финанссиките извештаи на Државното правобранителство на Република Македонија, меѓу кои е лоцирана:

-неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната
вредност и исправката на вредност на опремата;
-несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од
300 евра во денарска противвредност;
– начинот на вршење на пописот не е во согласност со законската регулатива;
– недефиниран начин на користење и располагање со недвижен имот и нерегулиран начин
на подмирување на заеднички трошоци за греење;
– ангажирање на лица по договор на дело за работни места и задачи предвидени со актот за
систематизација;
– не е назначен одговорен сметководител;
– недвижниот имот во кој е сместено државното правобранителство за подрачје Тетово не е
осигурен од пожари и други непогоди и
– недоследности во процесот на спроведување на постапките за доделување на договори за
јавни набавки.

Детектирани се и следниве системски слабости:

-недефинирана постапка за оценување на квалитетот и ажурноста на работењето и
спроведување на дисциплинска постапка за државните правобранители;
– регулирање на правото на надоместок за одвоен живот на државните правобранители
за време на нивниот временски неограничен мандат и
– дефинирање на процесот на авансно плаќање и поврат на трошоците за постапки за
извршување
– не е јасно прецизирано кој треба да остварува приходи по основ на награда на членови
на одбор на доверители во стечајни постапки во кои Република Македонија
има побарувања, а истата е застапувана од страна на Државното правобранителство, се вели во штотуку објавениот извештај на Државниот завод за ревизија кој детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата на на Државното правобранителство.

Поврзани вести