
Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски вечерва во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ, одговори за заканите од функционерот на СДСМ и избран градоначалник на Струмица Костадин Костадинов кон Драган Павловиќ Латас, новинар и уредник, како и генерален секретар на Македонската асоцијација на новинари (МАН).
„Пад на нивото на вокабуларот и политичката култура, заканите кон Латас од Костадиновски, вакво нешто не се случило од незавиноста до денес, 26 години ја работам работава, досега вака ниеден функционер не одговорил вака на новинар“, посочи уредникот Љупчо Цветановски.
Новинарите се тука да критикуваат и да пофалат, неогогаш основано, некогаш неосновано. Функционерите се тука да демантираат или не, се тука да се презентираат подобро, но во секој случај, секој избран и именуван функционер би требало да биде потолерантен од обичниот граѓанин кон критиката која доаѓа од новинар, без разлика дали таа критика е основана и е во рамките на некоја анализа и шпекулација, или претпоставка.
Сме имале со Латас како новинар некогаш слични, некогаш различни мислења, но едно треба да се потенцира, дека станува збор на многу искусен новинар на македонската новинарска сцена. Ме зачудува недостатокот на реакција од Хелиншки комитет, од СДСМ, од организациите под покровителество на Фонданцијата Сорос. И новинарските здруженија, само МАН реагираше.

оа што сум сигурен е дека ако таа експлицитна закана од градоначалникот Костадинов која ја изрече кон Латас, да ја кажеше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш сите новинарски здруженија, сите невладини соросови организации, Хелсиншки комитет ќе реагираа со барање за најжестока осуда. Ќе се бараше осуда, оставка и ригорозно казнување на тој градоначалник доколку беше од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако такво нешто му се случеше на Орце Георгиевски од Кисела Вода, на Тони Коњановски од Битола, на Кирил Пецаков од Охрид или на Иван Јорданов од Штип, тие ќе беа растргнати.