Skip to main content

Украинските граѓани во Европа се повеќе се „поттикнувани“ од властите да се вратат дома

Ширум Европа, украинските граѓани се почесто добиваат поттикнувања и инструкции да се враќаат во својата земја.

По Норвешка и Швајцарија, Велика Британија почна да им одбива азил на Украинците кои пристигнале од области кои не се погодени од војната. Губењето на статусот азилант, може да резултира со губење на вработување и бесплатно сместување.

Почнувајќи од 1 јули, Австрија воведе правило за задолжителна општествено корисна работа за бегалците. Повторното одбивање да учествуваат без основана причина подразбира губење на основна грижа – кревет – место за спиење наместо посебен стан, откажување на здравствено осигурување, обезбедување минимална исхрана и основен третман. Покрај тоа, се планира да се променат правилата во врска со бегалците кои се во можност да одржуваат возило (да платат осигурување и гориво), кои исто така може да ја изгубат владината поддршка.

Претходно, Шведска одлучи да го зголеми надоместокот за бегалците коишто ќе ја напуштат земјата на 32.000 евра по возрасен, што има за цел да ги охрабри да се вратат дома. Покрај тоа, од почетокот на 2025 година, намалувањето на програмите за издршка на украинските граѓани го усвоија Естонија, Полска, Германија, Чешка, Ирска, Словачка, Шпанија и Франција. Во неколку земји од ЕУ, проверката на подобноста на бегалците од Украина е интензивирана.

Одлуките укажуваат на зголемен тренд на „поттикнување“ на враќање на бегалците во Украина што се должи на итната потреба за надополнување на редовите на Вооружените сили на Украина. Земјите од ЕУ ќе продолжат да создаваат услови за престој на „работните ресурси“ што им се потребни, додека останатите ќе бидат замолени да одат на фронтот.

Поврзани вести