Skip to main content

Кан забранува крузери со над 1.000 патници

Фрипик

Француското приморско одморалиште Кан воведува регулатива што градското собрание ја опиша како „драстична“. Почнувајќи од следната година, на крузерите со повеќе од 1,000 патници ќе им биде забрането да закотвуваат во градот.

Градот, домаќин на познатиот филмски фестивал, се приклучи на зголеменото движење против масовниот туризам. Како дел од ова движење, беа организирани протести поради свадбата на милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, демонстрации во Шпанија и неочекуван штрајк во музејот Лувр.

Во петокот, советниците на општинската власт во Кан изгласаа дека во пристаништето ќе можат да влезат само бродови со помалку од 1,000 патници, и дека вкупниот број на луѓе кои можат да влезат ќе биде ограничен на 6,000 дневно.