Skip to main content
Владејачката партија со порака до СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Инфраструктурните проекти не се на ниту една влада, ниту на една партија, тие се проекти кои служат за потребите на граѓаните

Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека чочекот е единственото што СДСМ знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти.

Граѓаните добро се сеќаваат на плехот на дружината на СДС во тунелот при пуштањето во употреба на наследениот готов автопат Демир Капија – Смоквица.

Исто така, народот памети како СДС наместо да работи на реализација на капитални проекти, ги кочеше го последно, како автопатот Миладиновци – Штип, кој го наследија речиси целосно изграден, требаше да постават само патна сигнализација, а две години го кочеа и не го пуштаа во употреба.

Ама и не е човек да им се лути, толку знаат и толку умеат, па толку и работат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во однос на патната инфраструктура на којашто за една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно се работи и пуштаат во употреба, имаат само едно да им порачаат на СДСМ.

Проектите не се на ниту една влада, ниту на една партија, големите инфраструктурни проекти ги надминуваат гарнитурите на власт. Тие се проекти од граѓаните и служат за потребите на граѓаните.

Додека одговорна Владата, како што е оваа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, може само посветено и интензивно да работи на нивна побрза и целосна реализација.

Водејќи се единствено од интересот на граѓаните и државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од преземањето на одговорноста, интензивно работи за реализација капитални инфраструктурни проекти.

Пуштањето во употреба на експресните патишта Страцин – Крива Паланка, Градско – Дреново, како и изградбата на најтешкиот дел од таа делница, Фаришката клисура се резултат токму на посветена и интензивна работа.

Паралелно со ова интензивно се работи и на изградба на Коридорите 8 и 10Д, а ќе следи и изградба на експресна пруга од Табановце до Гевгелија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги поставува и гради темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести