
Најмалку 18 Палестинци беа убиени во израелски напад со дронови врз пазар во централна Газа, Деир ал-Балах, откако израелските дронови ја таргетирале полициската единица на Хамас која се обидувала да ја преземе контролата врз пазарот, изјавија лекар и сведоци.
Според исказите на очевидци, израелските дронови испукале ракети кон полицајци на Хамас облечени во цивилна облека и маски додека се обидувале да ги спречат продавачите да продаваат стока ограбена од камион што превезувал хуманитарна помош, објави Би-Би-Си.
Видео снимките од последиците покажуваат тела на земја и панични купувачи додека амбулантните возила брзаат да им помогнат на повредените.
Лекар во болницата Ал-Акса во Деир ал-Балах изјави за Би-Би-Си дека 18 тела се донесени во мртовечницата.
Министерството за внатрешни работи контролирано од Хамас го осуди нападот, нарекувајќи го „нов злостор“ насочен кон полициска единица одговорна за одржување на јавниот ред.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека нејзината прва медицинска пратка во Газа од 2 март е доставена во средата.
-Девет камиони со медицински материјали, 2.000 единици крв и 1.500 единици плазма беа транспортирани без никаков грабеж „и покрај условите со висок ризик, изјави шефот на СЗО, Тедрос Гебрејесус