Skip to main content

Светска банка: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

Светска банка има три предлози за идеален модел за раст на пензиите.

Препорачува низа мерки за подобрување на состојбата со пензискиот фонд. Прво од банката велат за да се намали дупката во ПИОМ потребно е да се укине постоечкиот модел по кој се зголемуваат пензиите, односно, индексирање според растот на платите и цените.

Од Светска банка сметаат дека потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање, но и зголемување на стапката за плаќање на придонеси.

Во контекст на зголемување на возрасната граница, прашањето е дали ќе успеете да го задржите истиот систем со овие придонеси. Треба да има неколку постапки, треба да се зголемат придонесите, бидејќи тие се малку 18,8 отсто, и тоа треба да биде во комбинација со постепено зголемување со возраљста за пензионирање“, рече Сања Маџаревиќ Шујстер од Светска банка.

Претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев вели дека мора да бидеме свесни дека има недостаток на пари во касата на ПИОМ. Доколку не се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите ќе треба пензиите да се исплаќаат од буџетот на државата.

Претходно, Фискалниот совет даде предлог, жените и мажите да одат во пензија на 67 години, но ова наиде на бурни реакции. Власта порача дека засега не размислуваат за зголемување на возраста за пензионирање.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom