Skip to main content

На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари

МИА

Реализирани се 11 проекти за 11 месеци на Клиниката за детски болести во Скопје, беше кажано на денешната презентација на завршените проектни активности, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на клиниката Реџеп Мемеди и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Директорот Мемеди појасни дека се работи за значајни проекти, од кои дел се инфраструктурни и еден дел се набавка на современа медицинска апаратура, со кои значително ќе се унапредува квалитетот на здравствените услуги и ќе се подобри медицинска грижа за најмладите и најмалите пациенти.

Овие проекти всушност се решенија на многуте проблеми и недостатоци, кои ги утврдивме на почетокот на мандатот јули – август минатата година. Вкупната вредност на овие 11 реализирани проекти изнесува околу 40 милиони денари, од кои 7,6 милиони денари се донации на медицинска опрема, информираше директорот.

фото: МИА

Тој додаде дека овие резултати не би биле возможни без поддршката од Владата, Министерството за здравство, Фондот за здравство, Катедрата по педијатрија, медицинските тимови и тимот од администрацијата како и многубројните донатори со големо срце кои позитивно одговориле на повик да ја помагаат Клиниката за детски болести.

Сметам дека сите ние имаме одговорност да ја чуваме, развиваме и унапредуваме оваа Клиника, бидејќи се работи за највредното што го имаме, а тоа е здравјето на нашите деца, истакна Мемеди.

Премиерот Мицкоски изрази задоволство од реалзиираните проект и кажа дека имале средба со министерот за здравство за идни проекти.