Skip to main content

Иранскиот претседател прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел

video printscreen
Принтскрин од видео

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва во обраќање до нацијата прогласи „крај на 12-дневната војна“ што ја започна Израел, јавуваат агенциите.

Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, чија решителност влегува во историјата, бевме сведоци на склучувањето на прекин на огнот и крајот на оваа 12-дневна војна наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, рече Пезешкијан во своето обраќање, кое беше емитувано на Иранската државна телевизија.

„Агресивниот непријател не успеа да ги постигне своите цели за уништување на објектите и нарушување на нуклеарните истражувања во Иран, [предизвикувајќи] социјални немири [во републиката]“, се вели во транскриптот од говорот објавен од прес-службата на иранскиот претседател.

Пезешкијан истакна дека обемот на уништувањето во Израел како резултат на одмаздничките напади од страна на иранските вооружени сили му покажа на светот дека „цената на оваа авантура против голема земја како Иран е ужасна“.

Тој нагласи дека верува во можноста за мирен соживот на земјите од Блискиот Исток.

Нашата заедничка мудрост и разумност ќе ги уништат плановите на непријателите кои се обидуваат да посеат раздор меѓу нас“, додаде Пезешкијан.

Покрај тоа, тој увери дека иранските државни служби ќе вложат максимални напори за обновување на нападнатите локации и за обезбедување помош на семејствата на жртвите и повредените. рп/

Поврзани вести