Skip to main content

Угринска: ДОМ е отворен за секој што ги поддржува зелените политики на локално ниво

ДОМ / Ана Угринска: ДОМ има една конзистентна политика и програма и идеологија на тие зелени политики

„На 21-ви јуни Централниот одбор донесе одлука дека партијата ќе се отвори за граѓанските организации, дека ќе настапи самостојно, а не во коалиција со традиционалните политички ентитети, големите политички партии. Одлучивме да излеземе од коалицијата со СДСМ, но и да настапиме самостојно на локалните избори и да ја отвориме партијата за граѓаните и граѓанските опции“, рече ко-претседателката на ДОМ, д-р Ана Угринска во емисијата „Аргумент +“, на ТВ 24, притоа додавајќи дека ДОМ е отворен за секој што сака нешто да направи на локално ниво, а не специфично за одредени организации..

Ко-претседателката на ДОМ посочи дека е неопходно да се промени начинот на кој што политички се дејствува во Македонија и да се излезе од матрицата на двете големи партии.

„Политичкото дејствување мора да се приближи кон граѓаните, практично тие да се вклучени во одлучувањето, тоа е основата на демократијата. Многу време зборувавме за тоа во партијата“, рече д-р Угринска и додаде дека ДОМ е единствената политичка партија во која нема концентрација на моќ, партија која е организирана и раководена од четворица ко-претседатели.

Партијата е отворена за сите граѓани кои имаат интерес за политичко дејствување, но сепак тоа дејствување треба да е во согласност со нашата основна идеологија и политика. ДОМ има една конзистентна политика и програма и идеологија на тие зелени политики“, порача ко-претседателката на ДОМ, д-р Ана Угринска.

Во услови кога прагот за собирање потписи за кандидирање на независните советнички листи е еден од највисоките во Европа, зелената партија ДОМ е првата партија која директно ги повика граѓанските активисти и организации да се приклучат и заеднички да го освојат просторот за дејствување на локално ниво.

Поврзани вести