Skip to main content

Татко и син фатени со дрога и оружје во Пробиштип

Вчера во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести