Skip to main content

Maкедонските одбојкари обезбедија опстанок во Европската златна лига

Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во Струмица ја совлада Црна Гора со 3:0 (25:20, 25:21, 25:13) и обезбеди опстанок во ЦЕВ Европската Златна лига.

Никола Ѓоргиев и Александар Љафтов ја имаа улогата на лидери во победата на „црвено-жолтите“.

Ѓоргиев натпреварот го заврши со 16 поени, Љафтов имаше 12, додека Филип Савовски стигна до 10.

Македонија настапот во ЦЕВ Европската Златна лига 2025 го завршува на 9. место со две победи во шест натпревари

Поврзани вести