
ренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо ги искажа впечатоците по натпреварот со мексиканската Пачука (3:1) синоќа во 2. коло од групната фаза на Светското клупско првенство.
– Ја покажавме нашата зрелост. Покажавме посветеност во тешки околности, играјќи со десет играчи. Оваа победа е многу вредна. Среќен сум. Успеавме да ја контролираме играта и кога ја немавме топката. Ова е многу важно. Моравме да играме низок блок бидејќи бевме со десет играчи. Натпреварот не се одвиваше според планот, но се приспособивме. Треба да бидеме флексибилни и во вакви околности, изјави Алонсо по натпреварот.
Реал Мадрид (4 бода) го зазеде првото место во групата Х, Пачука нема освоен бод.
Во последното коло мадридскиот тим ќе се сретне со австриски Салцбург, а Пачука ќе игра со Саудиска Арабија Ал-Хилал. Двата натпревари ќе се одржат на 27 јуни