
Тројца гледачи загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако паднаа од горните трибини на стадион во главниот град Алжир за време на натпревар на локалниот клуб МЦ Алжир, соопштија денеска здравствените власти во земјата.
„Универзитетската болница Бени Месус прими 38 повредени лица, а регистрирани се три смртни случаи. Болницата Бен Акноун, исто така, прими 27 повредени лица, додека болницата Баб Ел Оуд прими 16“, се наведува во соопштението на алжирското Министерство за здравство.
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство и им посака брзо закрепнување на повредените.
Локалните медиуми објавија дека гледачите паднале откако се урнала оградата на горната трибина на стадионот на МЦ Алжир, а Фејсбук страницата на телевизијата Ел Хедаф објави видео на кое се гледа како дел од оградата се урива на долната трибин