Skip to main content

Tурчин во Штип удрил во мотоцилкист

Денеска (22.06) во 00.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Анте Банина“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.О.(47) од Република Турција, со престој во Штип и мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани вести