
Данил Медведев и Александар Бублик ќе играат во денешното финале на АТП тенискиот турнир во Хале.
Медведев го победи Александар Зверев со 7-6 (3), 6-7 (1), 6-4 по речиси три часа игра, додека на Бублик му беа потребни два часа за победа од 4-6, 7-6 (5), 6-4 над Карен Хачанов.
За Медведев, ова е 39 АТП финале во кариера, а второ во Хале, откако пред три години го загуби финалниот натпревар од Хуберт Хуркач. Од 20 титули што ги освои досега, само една е на трева, во 2021 година на Мајорка.
Од друга страна, Бублик досега има освоено четири турнири, а една од тие четири титули дојде во Хале пред две години.